На кружниот тек кај „Охридска банка“ попладнево се случи сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило и велосипед.
Во несреќата со повреди се здобил велосипедистот, кој со возило на брза помош веднаш е хоспитализиран. Засега не се знае карактерот на неговите повреди. – изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
На местото на настанот увид врши сообраќајната полиција.
Инаку, денеска се случи уште една сообраќајна несреќа, на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Сливово. Според првичните информации од истрагата, патничко возило, од засега непознати причини излетало од коловозот, при што со тешки повреди се здобил возачот, додека совозачот е полесно повреден.
Повредениот возач е хоспитализиран во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.
На местото на несреќата извршен е увид, информира СВР Охрид.
Г.М.