На 22.07.2024 во 17.45 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во с.Велешта, Струшко, се случила сообрaќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 67 годишно лице од с.Велешта и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 61 годишно лице од с.Велешта, со живеалиште во Република Австрија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
OhridNews