Некој кинез, кој има несреќа да зборува во сон, на својата жена и го измрморел името и адресата од својата љубовница додека спиел. Сопругата на неименуваниот швалер, веќе се сомневала дека тој има афера, но тој цело време порекнувал.
„Стана многу ладен кон мене. Кга ќе му заѕвонеше телефонот, излегуваше надвор да се јави“ – рекла сопругата.
Иако буден тврдел дека така делува бидејќи бил оптоварен со работата и дека е верен, во сонот ги открил сите детали.
„Не забележав дека заспа. Се обидев да разговарам со него, а тој несвесно ми го кажа името и адресата од неговата љубовница“ – додава сопругата.
Следниот ден кога повторно ја отворила истата тема, тој одрекувал. Меѓутоа, кога жената ја посетила адресата која тој ја кажал, го пронашла сопругот кај љубовницата.