Југот на Сомалија се соочува со најголемата хуманитарна катастрофа што ја погодила Африка во последните 60 години. Незапамтената суша и гладта однесоа 29000 животи на деца под пет години во изминатите три месеци, а според податоците на Обединетите нации од глад во Сомалија починале десетици илјади луѓе, а  640.000 деца се прегладнети.

Гладта која се проширила во уште три области од земјата ги загрозува животите на 3,5 милиони луѓе, а без итна меѓународна помош, што ја попречуваат насилствата и болестите во земјата, состојбата може уште повеќе да ескалира.

OhridNews