Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТРМ) денеска во Софија организира „Денови на македонскиот туризам”. Како што информира агенцијата, настанот се организира со цел афирмација на почнатата туристичка сезона, да се претстави туристичкиот производ од Македонија и можноста за зголемување на бројот бугарски туристи кои традиционално секоја година ја посетуваат нашата земја.
Промоцијата ќе биде збогатена со дегустација на македонско вино, македонска музика и пригодна наградна игра, а најсреќните ќе добијат автентични производи од Македонија: охридски бисери, филигран со македонски рубин и викенд во Охрид за двајца.
OhridNews