Игор Спасов осуден за убиството на Мартин Нешкоски е уапсен денеска во Софија.

Известени сме од бугарските колеги дека по нашата распишана меѓународна потерница денеска е приведен Игор Спасов, изјави за МИА портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на прославата на победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година.

МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето.

Игор Спасов, се бараше со наредба ПК бр.6/18 издадена од Основен суд Штип за сторени кривични дела по чл.123 и чл.386 од КЗ на РСМ за доиздржување на казна затвор од 7 години и 3 месеци, стои на веб страницата на МВР.

OhridNews