Доказите што досега ги добивме од македонските власти се доволни за да се заклучи дека во случајот со потонатиот брод “Илинден“ бил направен криминал, изјавил софискиот заменик јавен обвинител, Божидар Џамбазов во интервју за бугарското национално радио, пренесува телевизијата А1.

Според Џамбазов, финалните резултати се очекуваат по завршувањето на техничкиот преглед на бродот, што ќе биде направен од бугарските експерти но на основа на информации пратени од Македонија.

Џамбазов изјавил дека во моментов најважно е да се испрашаат сведоците и додал дека бугарскиот истражен судија Георги Илиев, кој е во македонија, има цел да ги сведе на минимум верзиите за причините на потонувањето на бродот.

Ohridnews
извор: А1