Мирно со поситни инциденти заврши вчерашниот протест во Скопје против полициската бруталност, кој започна ден претходно по објавувањето на снимените материјали од страна на опозцијата кои се однесуваат на убиството на Мартин Нешковски пред четири години на изборната прослава на ВМРО ДПМНЕ во главниот град.
Носејќи пароли и извикувајќи „Убијци“, демонстрантите побараа оставки од министерката Јанкуловска и одговорните во случајот. Кон крајот на протестот група млади со маскирани лица се обидела да предизвика инцидент фрлајќи со шишиња и други предмети кон полицијата, но била спречена во тоа од другите демонстранти. Девојките присутни на протестот потоа во знак на заштита застанале пред полицијата.
Мирни протести синоќа се одржаа и во Битола и Прилеп. Нови протести се најавени за денеска.
OhridNews