Во истиот склад на њујоршкиот аеродром ЏФК од кој минатата седмица биле украдени 1,2 милиони долари во кеш, оваа седмица се нашол контејнер со дијаманти вредни 600 милиони долари, и со голема дупка, низ која се гледале пакетчињата, така да секој можел да ја вовлече раката и да ја зграби содржината, но и покрај тоа, за вистинско чудо, не било украдено ништо. Обата контејнери, и оној со украдените пари и овој со дијамантите, стигнале со летови на Свис Ерлајнс од Цирих, така да американските експерти за безбедност тврдат дека „швајцарското обезбедување има повеќе дупки од нивното сирење“. Тие се чуделе на фактот дека некој просто можел да ја вовлече раката и да изваде од кесичките со дијаманти, а уште повеќе на тоа што никој тоа не го сторил, бидејќи помеѓи слетувањето на авионот и откривањето на тоа дека контејнерот е оштетен, минало околу еден час.
Во кнтејнерот кој сеуште бил запечатен, но и на кој имало голема дупка, се наоѓала испорака на дијаманти вредни околу 600 милиони долари наменети за американските златари. Штом проблемот бил откриен, контејнерот бил префрлен на безбедна локација за распакување и содржината била споредена со онаа наведена во декларацијата, само како би се констатирало дека ништо не недостига.