Во близина на Дамаск научниците неодамна открија хиерогливско писмо и гравура од фараонскиот период, кои датираат од 14 век пред нашата ера, известила сириската агенција Сана.

„Членовите на одделот за археолошки ископувања во предградието на Дамаск, оклу 25 километри источно од градот пронашле камен со големина 70 x 50 сантиметри, и утврдиле дека се работи за надгробен споменик“, пренесува Сана.


„Овој тип на надгробни споменици бил многу раширен во време на фараоните, кои ги користеле за да ги овековечат некои настани од животот“, рекол водачот на одделот Махмуд Хамуд., истакнувајќи дека текстот датира од „епохата на Рамзес III“, кој живеел помеѓу 1290 и 1224 година пред нашата ера.

На надгробниот споменик јасно се гледа дел од кралевата нога, а зад неа ногата на богот Амон. Многу е тешко да се прочита тоа што е изгравирано на споменикот, но текстот открива дека се работи за пофална песна за кралот, што во тоа време било вообичаено.

Гравура од сличен тип и отприлика истиот период, пронајдена е пред неколку години во регионот Ал-Кисвеш, во близина на главниот град а денес е изложена во националниот музеј на градот Дамаск.