Новозеландскиот уметник Дејвид Мекракен го материјализирал сонот на човекот да го допре небото. Според австралиските медиуми, станува збор за уметничко дело, наречено “Да се намали и воздигне“, кое неодамна било изложено на најпознатата австралиска плажа, Бонд Бич во Сиднеј.

Алуминиумската скулптира, долга 9,5 и висока пет петри, е главен експонат на фестивалот „Скулптури на море“. Како и останатите изложени дела, и овие „скали за рајот“ се на продажба. Цената не е наведена, но не треба да се сомневаме дека за илузијата дека ги допирате ѕвездите е потребен подлабок џеб.