Австралискиот град Сиднеј денеска го доживеа најжешкиот ден во 79 години, при што температурите во регионот достигнаа до 47,3 степени Целзиусови. Издадени се предупредувања за пожари за пошироката област на Сиднеј, а во градот е забрането секакво палење оган.
Температурата денеска беше нешто пониска од жегата што ја погоди областа во 1939 година, кога живата достигнала 47,8 степени Целзиусови, потврди Бирото за метеорологија.
OhridNews