Шведската влада во своите архиви пронашла дијаманти и други вредности кои му припаѓале на семејството на последниот Руски цар Николал II Романов, кои ги предала на царското семејство. Имено во намера да го сокрие богатството по револуцијата во Русија во 1917 година, тетката на последниот Руски цар ги оставила дијамантите во шведската амбасада во Санкт Петерсбург.


Тие подоцна биле префрлени во Стокхолм каде останале заборавени. Тетката на рускиот цар починала 1920 година, претходно не известувајќи го семејството дека семејните вредности се во Шведска. Богатството е пронајдено минатата година кога шведското министерство за надворешни работи ја пренесувало својата архива.