Полицијата во западна Швајцарија ги предупредила планинарите да бидат внимателни поради една голема црна мачка која личи на пантер, забележана минатата седмица на неколку места во шумите околу градот Золотурн. Полицијата соопштила дека досега не успеале обидите животното да биде фотографирано или уловени со помош на специјални замки.

Додале дека тоа животно се плаши од луѓето, но сепак планинарите треба да се однесуваат внимателно и да избегнуваат да му приоѓаат на непознатото животно. Швајцарската полиција навела дека истражуваат дали овој случај е поврзан со минатогодинешните случаи во кои пантер бил забележан во јужна Германија. Властите рекле дека ниту една зоолошка градина или циркус не пријавиле исчезнување на пантер.