Бројот на кокошки во Швајцарија е во пораст и достигнал 10 милиони во 2012, што претставува зголемување од пет проценти во однос на претходната година, објавил швајцарскиот Сојузен завод за статистика. Почнувајќи од 1996 швајцарското живинараство бележи пораст на бројот на кокошки за 60 проценти, додека само во 2006 дошло до привремено намалување предизвикано од птичјиот грип, јавиле швајцарксите медиуми.
Со 1,57 милиони грла, бројот на говеда не се променил во минатата година. Бројот на крави, кој веќе четири години е во пад поради турбуленциите на пзарот со млеко, по прв пат минатата година пораснал, за еден процент, на нешто повеќе од 707 илјади грла. Бројот на свињи опаднал за два проценти, како и бројот на овци. Спортивно, бројот на кози пораснал за еден процент, додека бројот на коњи забележал намалување од еден процент на годишно ниво.