ЈП Водовод Охрид известува дека поради енормно зголемената потрошувачка на вода и исполнетоста на градот со туристи, во текот на денешниот ден има неколку испади на водоснабдителниот систем, кои резултираа со намалување на притисокот во високата зона во градот и приградските населби.

Заради тоа, ЈП Водовод апелира на разумно и рационално користење на водата, наменски и за лична употреба, а не за наводнување на паркови, земјоделски насади, полнење базени, миење дворови и сл., особено во овие топли денови кои претстојат.

 

Поради ваквата состојба, можни се повторни испади на водоснабдителниот систем и во попладневните часови, особено по 18 часот во повисоката зона на градот, како и приградските населби, особено Лакочереј, Лескоец, Рача и Велгошти.

Се надеваме дека корисниците ќе се придржуваат на ваквите апели и ќе придонесат за стабилизација на системот, посочуваат од ЈП Водовод Охрид.