Шпанските градови загадени се како и многу други во светот. Но, истражувањата покажаа дека воздухот во Мадрид и Барселона има и кокаин. Владината канцеларија за научни истражувања изјавила дека во воздухот има и трагови на амфетамин, опијати, канабис и киселини слични на ЛСД.


Го испитувале воздухот во подрачјата на градовите кои не се познати по конзумации на дрога. Сепак сметаат дека не е потребно да се крева паника. Еден научник појаснал дека и да живеат илјада години не можат да вдишат цела доза на кокаин.