На шкотската река Твид бил направен првиот пластичен мост во Европа долг нешто помалку од 30 метри, кој по носивоста не се разликува од мостовите изградени од традиционални материјали и преку него можат да минуваат тешки товарни возила. Шкотската фирма “Vertec Limited”, која работи под мотото „зошто нешто да се фрла“, од 50 тони пластичен отпад го направила мостот кој исто така може да се рециклира. Рециклираната термопластика, од која бил изработен мостот, не рѓа и не треба да се фарба, па трошоците за одржување на мостот се минимални. Бил монтиран за само четири дена, што го сврстува во најбрзо изградените мостови со таа должина.
Експертите велат дека со мостот изграден на реката Твид се отвораат нови можности за употреба на пластичниот отпад во градежната индустрија. од компанијата “Vertec Limited” веќе најавиле можност за производство на материјали кои ќе ги заменат панелите, иверицата и алминатите, кои ќе се продаваат низ цела Европа. Овој вид архитектура навистина би можел да го реши проблемот со пластичниот отпад кој се повеќе го гуши светот, пренеле светските медиуми.