Една многу среќна либанка во една школка пронашла дури 26 бисери.

„Не можев да дојдам при себе“ – изјавила 50 годишната Амела Шајха, која му помагала на синот во фамилијарниот ресторан кој служи морски специјалитети.


„Кога синоќа ги отварав школките, во една од нив здогледав многу бисери. Си помислив дека ми се причинува“ – рекла Шајха. Ги изброила 26 – те бисери со различни големини.

„Тие школки ги купуваме по цена од 10 долари по килограм“ – рекол нејзиниот сопруг Рајмонд.

„Обично наоѓаме по еден или два бисери, но 26 во една школка е вистинска реткост“.