Неоженет Јапонец, стар 57 години, поставил сигурносни камери во својата куќа во Фукуоки, на запад во Јапонија, за да открие што се случува во неговата кујна. Не му било јасно зошто секогаш му снемува храна од фрижидерот.


Кога видел дека по станот му се шета непозната жена, повикал полиција. Полицијата ја нашла жената во шкафот. Илегалната станарка Хорикава (58) се криела на врвот од шкафот каде едвај можела да се испружи. Тука имала душек и неколку шишиња вода. Во станот престојувала околу година дена. Полицијата ја осомничила дека уредила и скривалиште кај соседот.