Во кафе и бар „Шила“, синоќа се одржа охридска промоција на втората книга на Отец Пимен со наслов „Патувајќи“, во издание на „Матица македонска“ од Скопје. Книгата е збир на колумни кои авторот ги има објавено во изминатиот период на различни теми.
Отец Пимен
–Тоа е една шаренолика книга пишувана на многи места од многу различни позиции во која преовладува една морална теологија. – изјави отец Пимен – митрополит Европски на МПЦ, колумнист и раскажувач.
Во разговор за OhridNews отец Пимен се осврна и на молкот на интелектуалците за значајни теми во општеството, посочувајќи дека многумина се одлучуваат да премолчат одредени состојби соочени со страв да не се изложат на критика.
-Да пишуваме секој на свој начин, секој со своите размислувања, за да се види дека колку и да сме различни можеме да бидеме добро место за живеење. – рече отец Пимен. Целиот разговор со отец Пимен и атмосферата од промоцијата на неговата книга „Патувајќи“ во кафе и бар „Шила“ може да го проследите во видеото подолу:
Разговор на отец Пимен за OhridNews
На промоцијата во „Шила“ присуствуваа голем број љубители на пишаниот збор, пријатели и познати личности од јавниот живот на градот. Убавата културна вечер ја надополни одличната свирка на Јован Куциноски и Јане Тодороски.
Синоќешниот беше уште еден во низата квалитетни културни настани организирани во овој концептуален кафе-бар. Од „Шила“ која сѐ повеќе се истакнува како алтернативна арт сцена во Охрид, најавуваат слични содржини и во иднина во насока на поддршка и промоција на уметноста и културата.
“Ги охрабруваме креативците од сите сфери да не контактираат во врска со промоција на нивниот труд. Отворени сме за соработка и споделување на уметноста во секоја нејзина форма како арт и дизајн, мода, музика, книги, адвертајзинг, архитектура.“ – порачуваат од менаџерскот тим.
Г.М.
ФОТОГАЛЕРИЈА:
Во „Шила“ промовирана книгата „Патувајќи“ од отец Пимен