На 30-ти ноември, сабота, во 18:30 во кафе-бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи промоција на книгата „Небо во кафез“ од Долорес Атанасова-Лори. Промотор на книгата ќе биде Наташа Сарџоска, а избор од песни од новата книга ќе читаат Пере Ристески, Д.А.Лори и Наташа Сарџоска.

„Небо во кафез“ е трета книга од охриѓанката Д.А. Лори. Во 2014 таа ја издава својата прва збирка поезија насловена „Будење во трето лице еднина“, а во 2016, од печат излегува „Со ветрот под рака“, во издание на издавачката куќа Антолог.

Долорес Атанасова-Лори (Д.А. Лори) е овогодишен добитник на наградата „Тодор Чаловски“ за 2019-2020 година во областа на поезијата, книжевната критика, есеистиката и креативните прозни форми. Добитник е и на интернационалната награда на „Антево Слово”, која за првпат беше доделена во 2017 во склоп на италијанската поетска манифестација Ангело ла Векија.

OhridNews