Вечерва со почеток од 20 часот во кафе барот „Шила“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „На своја кожа–Продолжи со насмевка“ од авторот Мирослав Драганов. Неговата прва книга која е мотивациска автобиографија е во издание на издавачката куќа „Матица Македонска“ од Скопје, а покрај од авторот, ќе биде промовирана и од Павел Донески, магистер по односи со јавноста.
„Со радост Ве поканувам на средба исполнета со позитивна енергија, изненадувања и атмосфера за паметење. Ве очекувам сите заедно да продолжиме со насмевка“, порачува авторот Драганов.
Престојниот настан е уште еден во низата квалитетни културни вечери организирани во „Шила“ – концептуален бар и кафе кој се истакнува како алтернативна арт-сцена во Охрид.