Јужнокорејскиот уставен суд потврдил дека законот стар речиси еден век според кој само слабовидните луѓе можат да бидат масери, занемарувајќи ги аргументите дека се кршат правата на слобода на избор на вработување.
Спорниот закон е усвоен уште во 1912 година кога Кореја била под јапонска колонијална власт, а целта било на слепите да им се осигураат средства за живот, соопштило Корејското здружение на масери кое моментално има 7 100 слабовидни членови.
Освен регистрираните, во Јужна Кореја има околу 200 000 масери кои работат без дозвола, бидејќи законот им забранува да се занимаваат со таа работа. Сите тие можат да бидат парично казнети – од неколку стотини до неколку илјади долари, а им се заканува и затворска казна.
Иако судот во 2006 година го поништил тој закон, парламентот повторно го вратил на сила. Полицијата смета дека зад масажите без лиценца се крие проституција.