Во земјава во септември годинава се евидентирани вкупно 124 800 туристи, од кои 34 769 (27.9 %) биле домашни, а 90 031 (72.1 %) странски туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика тие оствариле 256 831 ноќевања, од кои 34.3 % се од домашните туристи, а 65.7 % од странските туристи.

Во септември езерските места ги посетиле 53 805 туристи, во Скопје се регистрирани 42 596, планинските места 7 333, бањските 3 340, а други места посетиле над 17 726 туристи. Најмногу гости имало од Турција, по што следат од Србија, Германија и Полска.

Во периодот јануари – септември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 21.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.5 %, а кај странските има зголемување за 40.3 %.

Во периодот јануари – септември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 10.2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.5 %, а кај странските има зголемување за 24.7 %.

 

OhridNews