Американец тврди дека за малку не ја рассекол устата кога во сендвичот кој го купил во ресторан во Њујорк загризал нож. Џон Агнесини (27) рекол дека веднаш штом гризнал почувствувал дека сендвичот има чуден „вкус“.
Се престрашил кога го пронашол ножот од 18 сантиметри во лебот. За среќа веднаш го видел па не се повредил. Но тврди дека неколку часа покасно имал остри болки во желудникот кои им ги препишува на ножот.
Портпаролот на популарниот синџир на ресторани Кевин Кан рекол дека компанијата го испитува случајот кој го сфатиле сериозно.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com