Ештон Качер својата невиност ја изгубил кога имал 15 години и тоа за две секунди. Години подоцна имал сексуални односи со истата дама за да и покаже дека и не е така лош.

Во семејството Качер – Мур неодамна имало голем семеен состанок. Имено, кога Ештон дознал дека една од ќерките на Деми Мур ја изгубила невиноста, одлучил девојките подобро да ги упати во ситуацијата.


„Знаев дека една од девојките спиеше со својот дечко и дека за тоа не разговаравме многу. Па јас едноставно сакав да има со кого да поразговара, нешто како отворен форум. Ми беше непријатно, но не можам да дозволам поради тоа да го направам тоа што е правилно“, изјавил Ештон.


Па поради тоа не му било ни незгодно да разговара за своето прво искуство. „Тоа се случи со една девојка која само што ја имав запознаено, односно која ми ја намести пријателот. Целата таа работа траеше отприлика две секунди. Беше грозно и доста непријатно. Две години подоцна,повторно имав однос со истата девојка само за да и покажам дека не сум баш така лош како што испадна првиот пат“, раскажува триесет годишниот актер.