Мажот кој вчеравечер во приградската сараевска населба Рајловац уби двајца припадници на вооружените сили на Босна и Херцеговина извршил самоубиство околу полноќ, потврди министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ од Париз кој како и претходно заменикот министер за одбрана Борис Јериниќ изјави дека се чини оти нападот бил терористички чин.
Станува збор за извесен Енес Омерагиќ, кој во изјави за полицијата од очевидци бил опишан како „проблематичен“. Тој претходно ноќта од автомат пукал во една обложувалница во населбата Рајловац во непосредна близина на касарната каде се сместени единците на воената полиција во која двајцата убиени војници биле возачи. Покрај нив, напаѓачот ранил уште еден војник, а потоа пукал врз градски автобус, при што со полесни повреди од парчиња стакло се здобиле уште три лица.
Според засега достапните информации во сараевските медиуми, Омерагиќ по нападот побегнал во семејната куќа во населбата Сокоље, каде го лоцирала и опколила полицијата, а тој извршил самоубиство. Засега не се знае дали во моментот кога се застрелал бил сам во домот.
Истрагата е во тек и треба да открие кои се мотивите за нападот и дали има терористичка заднина. Особено, што во изјавите на некои очевидци се наведува дека тој бил облечен како вехабит, припадник на радикалната исламистичка група којашто има бројни и верни следбеници во БиХ.
Малку претходно, во Сараево се одржуваше вонредна седница на Заедничкиот штаб на ОС на БиХ и челниците на државното министерство за одбрана, по што заменикот министер за одбрана Борис Јериниќ изјави дека се чини дека нападот бил терористички акт. Тој ја заминуваше министерката за одбрана Марина Пендеш која е на службен пат во странство. Вториот заменик министер за одбрана, Емир Суљагиќ го опишува убиството на војниците како „ужасно злосторство“
„Сé алудира на тоа дека станува збор за напад врз институција и вооружените сили“, изјави Јериниќ за локалните медиуми.
Министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ, од Париз за весникот Avaz изјавил дека постојано е известуван за настаните во Сараево.
„Знам дека се убиени две лица. Ако се потврди дека станува збор за тероризам, а постои многу извесна веројатност тоа да се случи, тогаш тоа е ситуацијата на тотална небезбедност на граѓаните и мораме брзо и ефикасно да дејствуваме. Мораме да се пресметаме со тоа, бидејќи ќе дојдеме во ситуација тие луѓе да ни го оневозможат нормалното живеење“, рекол Мектиќ.
Поради нападот свикана е и координација на претставниците на сите безбедносни служби во БиХ, но министерот за внатрешни работи на БиХ, Аљоша Чимпара и директорот на Управата на полицијата на МВР на Федерацијата БиХ, Драган Лукач тврдат дека полицијата ја контролира ситуацијата, и ги повикаа граѓаните да останат смирени и да не паничат.
Убиените војници се идентификувани како 26-годишниот Армин Салкиќ и 34-годишниот Недељко Радиќ, Бошњак и Србин. Двајцата биле возачи во единицата на воената полиција стационирана во касарната во Рајловац.
OhridNews
Извор „Макфакс“
Мажот кој во средата навечер во приградската сараевска населба Рајловац уби двајца припадници на вооружените сили на Босна и Херцеговина извршил самоубиство околу полноќ, потврди министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ од Париз кој како и претходно заменикот министер за одбрана Борис Јериниќ изјави дека се чини оти нападот бил терористички чин.