Американски археолози во Сахара ги откриле најголемите гробишта од камено време, кога тоа подрачје не било пустина.

Тоа богато наоѓалиште, наречено Гоберо, старо 10.000 години, содржи остатоци од човечки и костури од животни меѓу кои има езерски риби и многу големи крокодили.

Голберо се наоѓа во средина на Сахара во Нигерија, во пустината Тенере, што значи „пустина над пустините“ на јазикот на туарезите.


До откритието случајно дошол Паул Серено, палеонтолог од универзитетот во Чикаго, додека со својата екипа водел испитувања на тоа место богато со фосили од диносауруси.

Научниците на наоѓалиштето успеале да реконструираат костур од крокодил „Sarcosuchus imperator“, еден од најголемите на светот, кој изумрел, а владеел на бреговите на афричките реки пред 110 милиони години.

На наоѓалиштето освен коски се пронајдени и камени орудија. Наоѓалиштето било недопрено, сметаат научниците, а за нивното откритие ќе биде објавена статија во списанието „National Geographic“.