Снег падна во африканската пустина Сахара првпат по 37 години, пренесуваат медиумите повикувајќи се на фотографии кои ги испратиле очевидци. „Сите беа возбудени од снегот во пустината, тоа е многу редок настан“, рекол фотограф аматер Карум Пуетата, кој ги направил снимите во алжирскиот град Ајин-Сефра во северниот дел од пустината Сахара. Според него „снегот лежел околу еден ден, а потоа започнал да се топи“.
На фотографиите на Бушетата се гледа тенка покривка од снег како прекрива една песочна дина, создавајќи брановидна форма.
Градот Ајин-Сефар е познат и како „Порта на пустината“. Таму во летно време температурата на воздухот достигнува до 37 Целзиусови степени, додека зимите се променливи со пад на температурите и до нулата. Ова е втор случај на врнежи од снег во овој дел на Сахара во текот на целиот период кога се водат белешки. Првиот снег во пустината, според весникот, паднал на 18-ти февруари 1979 година.
OhridNews