Кога пред 19 години отишла во Лос Анџелес, Пенелопе Круз знаела само две реченици на англиски, „Како сте?“ и „Сакам да работам со Џони Деп“. Прилично амбициозна желба за анонимна актерка, но не и неостварлива. Осум години подоцна, во 2001 година како главна актерка заиграла со Деп во филмот „Бел прав“ и докажала дека желбите никогаш не можат да бидат претерани. Токму тој филм ја направил ѕвезда.

Пред пет години добила Оскар за споредна актерка во филмот „Вики, Кристина, Барселона“ и така станала првата шпанка која ја освоила таа награда. Исто така е и прва шпанска актерка која добила ѕвезда на булеварот на славните во Холивуд. Мајка е на двегодишен син и на почетокот на летово ќе го роди своето второ дете.