Бебе тешко 7,3 килограми било родено во американската сојузна држава Тексас. Џенет Џонсон се породила во петокот во градот Лонгви, а момчето, според зборовите на лекарот, е едно од најтешките новороденчиња кои ги виделе. Мајката болувала од еден облик на дијабетис кој се јавува кај трудниците и кој може да доведе до раѓање на многу крупни бебиња.
Лекарите пред породувањето кое било извршено со царски рез, очекувале дека бебето ќе биде тешко околу 5,5 килограми. Џенет Џонсон рекла дека се надева како до крајот на седмицава ќе може да го изведе синот од болница и да ја замени облеката која ја купила за него бидејќи била премногу мала.