Американците во Чикаго сега имаат теретана во која можат да вежбаат заедно со своите миленичиња. Необичната услуга се досетила да ја пружи Триша Монтгомери, па го отворила овој клуб.Триша дошла на оваа идеја бидејќи и самата вежбала со своето куче Луи и така успеала да симне 57 килограми.
Теретаната во Чикаго пружа единствена услуга, корисниците да можат корисно да го поминуваат времето со своите миленичиња. Монтгомери нагласува дека кучињата патат од истите проблеми како и луѓето,кога е во прашање тежината-срцеви проблеми и дијабетес.
Членовите на клубот велат дека ваквото вежбање навистина ги мотивира.