Американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи изјави дека 99,2 проценти од луѓето кои починале во САД од последици од Ковид-19 не биле вакцинирани.

Тој за Ен-Би-Си изјави дека е тажно и трагично што повеќето од овие смртни случаи можело да бидат избегнати со вакцината, а тоа не се случило.

Фаучи апелираше до граѓаните да ги остават настрана сите разлики и да разберат дека Ковид-19 е заеднички непријател.

Фаучи исто така истакна дека САД се многу среќни што имаат доволно вакцини за да ги заштитат сите граѓани.

Во САД над 621.000 луѓе починаа од почетокот на пандемијата со Ковид-19.

OhridNews