Луѓето кои ќе ја прекршат федералната мерка за задолжително носење на заштитна маска за лице во САД се соочуваат со парична казна од 250 долари, соопшти денеска Управата за безбедност на сообраќајот (ТСА).

Паричната казна може да се зголеми и до 1.500 долари ако лицето повторно ја прекршиле федералната мерка.

Американските авиокомпании се залагаат да се забрани пристап на патниците кои не се придржуваат до правилата, додека Сојузната управа за воздухопловство соопшти дека ќе преземе мерки против сите патници кои го попречуваа летот или ги нападнат членовите поради обврската за носење на маска.

Маските се задолжителни и на железничките станици и на аеродромите, како и вво средствата за јавен превоз – автобуси, возови и авиони.

OhridNews