Познатата американска актерка и пејачка Деби Рејнолдс, мајка на актерката Кери фишер која почина во понеделникот, 27-ми декември на 60-годишна возраст, е хоспитализирана на Беверли Хилс, пишува интернет таблоидот TMZ, кој е специјализиран за доверливи информации за славните личности, пренесува „Макфакс“.
Според изворот на порталот, 84-годишната Деби Рејнолдс била во домот на нејзиниот син на Беверли Хилс, кога ѝ се слошило. Членовите на семејството веднаш повикале брза помош. Додал дека причината за хоспитализирањето може да е мозочен или срцев удар.
Нејзината ќерка, исто така актерката Кери Фишер, која се прослави со улогата на принцезата Леа во сагата „Ѕвездени војни“, почина во понеделникот во Лос Анџелес, како последица на срцев удар доживеан на летот од Лондон. Таа беше донесена во критична состојба, веднаш што авионот слетал на аеродромот каде ѝ била укажана реанимација.
Мери Френсис „Деби“ Рејнолдс се прослави по улогите во филмските комедии, а најмногу со филмот „Пеејќи на дождот“. Беше во брак со пејачот Еди Фишер од кој ја имаа ќерката Кери Фишер.
Покрај снимениот поп-албум, многубројните номинации и награди минатата 2015 година на доделувањето на Оскарите, ѝ беше доделана почесната награда на Американската академија за филмски уметности и науки.
OhridNews
извор: „Макфакс“