Фудбалскиот клуб Охрид 2004, премиерата во новата натпреварувачка сезона, пред домашната публика ќе ја има во сабота, кога во рамките од второто коло на стадионот “Билјанини извори “ ќе гостува екипата на Маџари Солидарност од Скопје.
Почетокот на средбата е закажан за 17 часот.
охриѓани во сабота дебитираат пред своиоте навивачи
Пред Охридската публика воедно на овој натпревар ќе дебитира и тренерот Зоран Георгиевски – Рамбо, кој екипата ја презеде непосредно пред почетокот на новото првенство.Во првото коло, мината недела екипата на Охрид, освои бод на жешкиот терен во Штип кога со Брегалница одигра 2-2.
На останатите средби од второто коло,во втората Македонска фудбалска лига се среќаваат:
Локомотива – Слога Ј
Металург – Беласица ГЦ
Миравци – Илинден
Вардар (Н) – Тетекс
Караорман – Алумина
Дрита – Брегалница
Влазрими – Нов Милениум
Турново – Скопје
Пандев за „инает“ на грците !
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев беше двоен стрелец за небесно- сините на пријателскиот натпревар против Панатенаикос кој Лацио го доби со 2-1.
Струмичанецот Пандев сам ги реши грците со головите во 25 м во првото и 32м во второто полувреме.
во топ форма-Горан Пандев
Во подготвителниот период нашиот интернационалец е во одлична форма,беше стрелец против англиските Вест Хем ,Арсенал и Саутемптон .
Римски Лацио во 3 коло од квалификациите за Лигата на Шампиони ке игра против Динамо Букурешт .
Ненад Цветанов
Мирко Постоловски