Oваа сабота, 22 јули, на градскиот пливачки базен „Атина Бојаџи“ при СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, во организација на ПК „АКВАСПИРИТ“ од Охрид, ќе се одржи третото издание на Меѓународниот пливачки митинг „ОХРИД ОПЕН“ – 2023.
Очекуван е настап на најдобрите домашни пливачи како и гости од соседството. Се очекува да настапат повеќе од 200 натпреварувачи. Пливачите ќе се натпреваруваат во 6 возрасни категории во машка и женска конкуренција. Митингот предвидува два натпреварувачки дела и тоа утрински 08:00-12:00 и попладневен 16:00-19:30 часот, информираат организаторите.
Почеток на настанот, велат, е 8 часот со расплив, а во 9 часот предвидено е свечено отварање и почеток на трките.
Во вториот дел распливот е во 16 часот додека трките започнуваат во 17 часот. Доделувањето на медалите е сукцесивно помеѓу дисциплините, додека прогласувањето на најдобрите по возрасни категории и во апсолутна конкуренција е на крај од вториот дел т.е. во 19 часот, додаваат од ПК „АКВАСПИРИТ“.
Пропозициите за настанот и резултатите може да се следат на следниов линк: https://plivanje.info/ohrid-open-2023-mkd/.
OhridNews