Стоматолошкиот центар Др. Баткоски и Црвен крст Охрид, во сабота на 29.09.2018 година, од 11 часот, на градскиот плоштад во Охрид, заеднички ќе ја реализираат традиционалната манифестација „За посреќно детство“.

Манифестација ја поддржува и аптекарскиот бренд „Виа Фарм“, заедно со „Алкалоид“ АД Скопје, кои подготвуваат бројни изненадувања за најмладите и ресторанот „Виа Игнација“ – Вевчани, кој ќе додели ваучери.

Познатиот бренд за орална хигиена „Curaprox Macedonia“, исто така ќе биде дел од оваа манифестација.

Ќе има многу забава, дружење и игра за децата. Главното изненадување е наградната игра на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ која ќе се реализира под мотото: „Која насмевка ќе блика, ќе каже најсмешната слика!“. Всушност ќе бидат доделени три награди, какви и како, учесниците ќе дознаат во сабота, кога се одржува манифестацијата „За посреќно детство“.

OhridNews