Во сабота, 7ми септември стартува новото првенство во ракометната супер лига. Во првото коло ГРК Охрид му гостува на повратникот во елитата Радовиш.

Гладијаторите се подготвени за првиот предизвик во кој ќе атакуваат на победа.

Радовиш од оваа сезона повторно се враќа во  супер лигата. Секогаш биле незгоден противник кога играат на домашен терен. Но, ние имавме доволно време за да се припремиме и сме спремни за новата сезона, вели левиот бек на ГРК Охрид, Дејан Кукуловски.

Натпреварот ќе се во сабота, во СРЦ „25 мај“ во Радовиш со почеток во 19 часот.

OhridNews