Во рамки на одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања, Црвен крст Охрид на 22.02.2014 г. (сабота) организира еднодневна планинарска тура до Спасителната станица на Црвен крст сместена на месноста Липова ливада на планината Галичица 1600 мнв. со можност за искачување на некој од околните врвови над 2000мнв (Магаро или Лако Сигној).
На оваа физичка активност можат да учествуваат сите оние кои се чувствуваат психофизички способни и поседуваат стандардна планинарска опрема за искачувања на планина: планинарски чевли, планинарски ранец, (резервна топла облека, јакна за заштита од дожд и ветар, храна и вода мин 1,5 л., капа, очила и друга заштита од сонце)-информираат од Црвениот крст.
Групата Ќе ја придружуваат и водат членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид.
Поаѓањето со автобус ќе биде во сабота во 8:00 ч. од пред седиштето на Црвен крст Охрид (ул. „Димитар Влахов” 52). Цената на повратен автобуски билет е 250,00 ден.
Заинтересираните учесници потребно е да се пријават во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 8-15 ч., најдоцна до 21.02.2014 и пополнат соодветна апликација за учество.