Во сабота во просториите на КИЦ „Култура 365“ со почеток од 12 часот, ќе се одржи промоција на најновата книга од проф. д-р Стефан Влахов Мицов, насловена како „Држава – како се гради и брани”.
Од издавачот „Матица“, за делото на Влахов Мицов велт дека се работи за критички и аналитички осврт на македонското минато и на денешните проблеми во Македонија.
„Говори и за партијноста која ја нагризува државата, а посебно внимание побудуваат неговите ставови и размислувања за македонското име, за односите со соседите, за еквидистанцата на Киро Глигоров, за Стојан Андов, идејниот творец на Законот за лустрација, за политички неопитните премиери Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски, за трансформацијата и митарењето на одредени мислечки имиња во Македонија…“- пишуваат од Матица.
OhridNews