Во сабота, 1-ви февруари, во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20 часот, повторно ќе биде изведена претставата „Се до полноќ“ од Независната аматерска театарска група „Аматер“ од Охрид.

Тема на претставата е иселувањето на младите од Охрид, ентузијазмот на младите во уметноста во Охрид, условите и начинот на подготовка, емиграцијата на младите од Охрид во потрага по подобар живот надвор од земјата, што е потребно за Охрид да ги задржи младите во својот град и својата држава.

Во претставата играат: Јован Цветкоски, Томе Укоски, Климентина Гилевска, Франческа Винченци Маркулевска, Огнен Секулоски, Евамарија Баткоска, Илија Левески и Мила Коруновска.

OhridNews