Во сабота, 30 декември, на репертоарот на Народен Театар Охрид ќе се одигра театарската импровизација – Импровокација со актерите Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски, со поддршка од „совеста” на шоуто Филип Жура и музичарот Никола Јосифоски. Ова е репертоарски последната претстава на театарот во календарската 2017 година.
Картите во продажба ќе бидат пуштени денес, понеделник, 25 декември, точно на пладне, во Музичка Продавница Зизи Топ. Цена 150 денари и 200 денари на денот на шоуто. Карти може да резервирате и на телефонскиот број 075283066 од 11.00-15.00 часот.
OhridNews