Претстојниот викенд, во сабота, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде одиграна четвртата епизода од третата сезона на популарната Импровокација со Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, потпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Ангеличин – Жура. Ексклузивно за ова издание екипата на Имрпвокација има нов член, кој засега не се открива.
Почетокот на шоуто е во 20.00 часот во добро познатиот „ќерал“ на Народниот Театар во Охрид.
Картите во продажба ќе бидат пуштени денеска, понеделник, точно на пладне, во Музичка Продавница Зизи Топ по цена од 150 денари и 200 денари на денот на шоуто
Карти може да резервирате и на телефонскиот број 075283066 од 11.00-15.00 часот.
OhridNews