Во организација на Лолеска Гордана, активист на “Живот со предизвици” и професорот Стефан Каневче, сабота, 29-ти февруари, со почеток во 12 часот на градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи централниот настан за одбележување на Светскиот ден на ретки болести.
Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови.
Охрид и охриѓани повторно сплотени , цел февруари го посветија на лицата со ретки болести се со цел да ја изразаат поддршката и да го свртат вниманието за постоењето на оваа група пациенти.
Под мотото Многу сме! Силни сме! Горди сме! со боење на дланките како симболика за 5% од пациентите со ретки болести за кои има лек, но и со многу креативни творби медицински работници, училишта, градинки, спортски клубови, поединци ги преплавија социјалните мрежи со прекрасни фотографии.
Да бидеме што помасовни во сабота на 29 февруари да се слушне нашиот глас да им покажеме на сите дека НИЕ ПОСТОИМЕ! Се повикуваат сите училишта, поединци што сакаат да бидат дел од настанот во кој низ песна ќе се подигне свеста за ретките болести!
OhridNews