Од министерството за транспорт и врски информираат дека во текот на викендот ќе се изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција) .

Престојното прскање на комарци во општина Охрид ќе биде извршено на 16- ти мај, сабота, на вкупна површина од 1500 хектари.

Со дезинсекцијата на ниво на Македонија ќе биде третирана вкупна површина од 6000 хектари,  со  високо квалитетен инсектицид кој се употребува во овој период од годината.

OhridNews