Во сабота во СРЦ Билјанини Извори со почеток од 17 часот ќе се одржи хуманитрано – ревијален фудбалски наптревар, на кој учество ќе земат легендите на македонскиот фудбал.

На теренот ќе се појават ветераните Данчо Целески, Вујадин Станојковиќ, Бошко Ѓуроски , Илија Најдоски, Саша Ќириќ, како и дел од поранешните играчи на Ф.К. Охрид, Гоце Маркоски, Гоце Толески , Драган Бочески ,Ламбе Арнаудов, Јаким Бакулески и други.

„Сакам да ги повториме блескавите моменти на славните македонски фудбалери од нашата државна репрезентација, но и од славните денови на Ф.К. Охрид , а сето тоа да го надополниме со хуманитарна смисла на целито настан. Да ги потсетиме љубителите на фудбалот на славните играчи од градов и Македонија и со тоа да испратиме една порака за враќање на фубалот во градов преку негова комерцијализација и изнаоѓање на бизнисмени кои тука ќе го пронајдат интересот од спортот да направат профитабилна дејност, а со тоа и од Охрид да се создаваат нови репрезентативци.“ – вели Данчо Целески, кој е иницијатор на овој ревијален натпревар.

Директорот ЈП „Билјанини Извори“, Ристе Мишев, вели дека целта на настанот е да се направи голем спортски спектакл, но и да се подржи хуманата акција на охридските новинари.

ЈП „Билјанини Извори“ како дел од организацијата гарантира дека ќе имаме уште еден величествен спортски ден во Охрид, како круна на летните спортски настани кои оваа година како никогаш до сега ги имавме во изобилство.“ – вели Мишев. 

Средствата собрни од влезниците кои ќе чинат 50 денари, ќе бидат донирани за лекување на 11 годишно момче од Охрид, кое мора да се лекува во Пекинг.

Граѓаните можат да донираат и со испраќање СМС порака на : ONE – 075 143 113, VIP – 077 143 155, Т MOBILe – 070 143 105, како и на следната жиро сметка: 530500017615254 Охридска Банка.

Повикот чини 100 денари + ДДВ.

Инаку, организатор на настанот е ФФМ, локалната самоуправа и ЈП „Билјанини Извори“.

OhridNews