Концертот го организираат младите музички и естрадни таленти од Охрид, а средствата што ќе се соберат од продажбата на влезниците, ќе бидат донирани за купување на нужните лекарства за малиот Дејан, кој боледува од ретко генетско заболување.
За Хуманитарниот концерт, кој ќе се одржи в сабота во 19 часот, Општина Охрид откупи дел од влезниците, со што донираше 20 илјади денари во оваа хуманитарна акција.