Најголемата и најубава плажа на охридската ривиера оваа сезона, плажата „Cuba Libre“  ќе биде свечено отворена во сабота со мега забава што ќе започне во 18ч.


Сопствениците на плажата не ги откриваат деталите од забавата, освен тоа дека на отворањето ќе настапат познати ди-џеи и музички групи кои ќе бидат изненадување за гостите.


На отворањето на плажата „Cuba Libre“ се поканети преку 500 гости, меѓу нив и познати јавни фаци, државни и локални политичари. Во меѓувреме на плажата течат последните подготовки пред големото отворање.


Плажата„Cuba Libre“  се наоѓа веднаш после мостот и има прекрасен поглед на Охрид. Дел од комплексот е од затворен тип, а поголемиот се разбира од отворен тип со капацитет од околу 200 седишта и 60-на лежалки. За најмладите има детско игралиште, а покрај 30-члениот персонал има и посебна спасувачка екипа која ќе се грижи за безбедноста  на капачите.


Во сабота големо отворање на плажата „Cuba Libre“

ohridnews